Општинската веб-страница delcevo.gov.mk отсега со нов лик

Со цел да се остварат заложбите за поголема транспарентност и отчетност на Општина Делчево,

Од денеска во функција е новата веб-страница на Општина Делчево на која како што информираат од општината во изминатиов период се работеше интензивно од страна на ит-лицата и лицето задолжено за односи со јавност во Општина Делчево.

Согласно со Програмата за односи со јавноста на Општина Делчево за 2020 година, како и согласно со препораките од Стратегијата за надворешна комуникација на Општина Делчево 2020-2024 г., новата веб-страница како што информираат од општината ги содржи сите потребни алатки кои треба да ги имплементира принципите на отвореност, отчетност и транспарентност.

-За прв пат на веб-страницата, покрај основните податоци за Општина Делчево, за администрацијата, е-документите, стратешките документи, финансиските извештаи и сл, објавен е Граѓанскиот буџет на Општина Делчево за 2020, како и регистерот на услуги на Општина Делчево. Исто така, новата веб-страница ви нуди и анкета на која можете да дадете одговор на прашањето кое е поставено, а се однесува на квалитетот на општинските услуги, со што за прв пат, Општината бара он-лајн повратна информација од граѓаните со што ќе се мери задоволството на граѓаните и ќе се прифаќаат нивните коментари и забелешки, информираа од општината.

Како што додаваат, лесно достапна е и можноста за директно поставување прашање до градоначалникот или до администрацијата, а видливи се и контактите од вработените во општинската администрација поделени во сектори и одделенија.

-Новата веб-страница дава можности во наредниот период да се врши и пренос во живо на седниците на Советот на Општина Делчево, а редовно ќе се изработува и електронски месечен информатор „Инфо Делчево“. Новата веб-страница е последователен тек на вкупната работа која изминатиов период се работеше на полето на отчетноста и транспарентноста. Општина Делчево две години по ред изработува Програма за промоција и односи со јавноста, а е и една од ретките општини во државава која стратешки ги планира односите со јавноста, односно во соработка со Регионалниот центар за застапување изработивме Стратегија за надворешна комуникација, дополнија од општината.

Очекувањата на надлежните се Веб-страницата, покрај другите алатки што се користат, треба да придонесе за поголема отчетност и транспарентност, но и почитувајќи го начелото на активната транспарентност, сите активности на Општина Делчево стануваат повидливи и подостапни за нашите сограѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*