Соња Михаиловска, Драган Ковачки и Христина Смилевска кандидати за пратеници од СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ на претстојните избори

Соња Михаиловска, Драган Ковачки и Христина Смилевска се најдоа на листата на кандидати за пратеници од Делчево, откако синоќа СДСМ, а вечерва ВМРО ДПМНЕ ги соопштија имињата на кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори, а меѓу нив се најдоа и имињата на гореспоменатите кандидати од двете најголеми политички партии во државата.

Од синоќа е познато дека Михаиловска се наоѓа на 6.место на кандидатската листа на СДСМ, додека вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека Ковачки и Смилевска во трката за пратеничко место влегуваат од 11 односно 18 место во третата изборна единица.

Соња Михаиловска на делчевската јавност и е позната како доктор по општа медицина вработена во Јавната здравствена установа Гоце Делчев, Драган Ковачки е полковник во АРМ, беше кандидат за министер за внатрешни работи во техничката Влада, но не беше прифатлив за СДСМ поради неговиот ангажман во Армијата, додека Христина Смилевска е претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и поранешен раководител на Центар за вработување Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*