Наскоро започнува асфалтирањето на улици во населба Басарица

Општина Делчево ги прави последните подготовки за асфалтирање на улици во населба Басарица. За таа цел од општината ги информираат жителите од оваа населба дека до 15 март треба да ги обезбедат потребните приклучоци за водоводната, фекална и канализациона мрежа.

-Општина Делчево повторно ги известува сопствениците на објекти и градежни парцели во Басарица кои сѐ уште не ги обезбедиле потребните приклучоци за водовод, фекална и атмосферска канализација дека е потребно тоа да го направат заклучно до 15 март 2020 година.

Доколку не се постапи и по ова известување, Општина Делчево информира дека по асфалтирањето на улиците, обезбедувањето приклучок на наведените комунални инсталации предвидени за уредување градежна парцела, ќе биде согласно со Програмата за уредување градежно земјиште, а трошокот ќе биде на корисникот на локацијата.

Исто така, согласно со Програмата за уредување градежно земјиште, трошоците за прекопување улици за приклучок кон комуналните инсталации и доведување на прекопот во првобитната состојба, паѓа на товар на корисникот на локацијата, а во периодот на гаранција на улиците, прекопувањето нема да биде дозволено.

За технички податоци контакт е лицето Митко Николовски од ЈКП „Брегалница“ Делчево, тел 072312031.

Од општината информираат дека асфалтирањето ќе започне со подобрувањето на временските услови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*