Привршува изградбата на Домот за стари лица во Берово

Активностите за реконструкција на третата ламела од домот за стари лица во Берово се при крај. Увид во градежните работи денес изврши Градоначалникот Пекевски кој информираше дека во третата ламела ќе се адаптира простор, за сместување на нови 10 легла за корисници, со што капацитетот на домот од постоечките 29 легла, ќе се зголеми на  40.

Средствата во износ од 5,1 милиони денари се обезбедени дел од Буџетот на Општина Берово и дел од Буџетот на ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”.

По завршувањето со градежните работи, како што информираат од општината ќе се пристапи кон внатрешно уредување и адаптација, за што општина Берово веќе има поднесено концепт проект на Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион и е сериозен конкурент во трката за грант од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*