Се уредува запуштениот простор во централното градско подрачје

Запуштениот простор во централното градско подрачје во Делчево кој наликуваше на мини депонија од денеска партерно се уредува. За градежните работи на уредување на прсоторот кој е со површина од 220 метри квадратни, како што информираа од општината се задолжени екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

-Со механизација и рачно се раскопува стариот бетон и плочките кои беа доста оштетени, а на нивно место ќе се постават бехатон плочки. Се работи за доста фреквентно место во централното градско подрачје на кое итно му беше потребно уредување, рекоа од општината.

Понатамошните актинвости како што додадоа, предвидуваат и хортикултурно уредување на просторот.

-Тоа подразбира засадување садници, цвеќиња, поставување урбана опрема, како и уредување на дел до просторот наменет за паркирање, додадоа надлежните.

Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали кои поврзуваат со главната улица „Маршал Тито“.

Во тек уредување на просторот во централното градско подрачје кој го нагрдуваше ликот на градот

Во тек уредување на просторот во централното градско подрачје кој го нагрдуваше ликот на градот

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 11 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*