Ахмедовски им се придружи на Михаиловска, Ковачки и Смилевска на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 3

Листата на кандидати кои претендираат да влезат во пратеничкиот состав во ИЕ 3 од Делчево од синоќа е збогатен за уште еден кандидат.

По потпишувањето на Договор за заеднички настап на парламентарните избори за 2020 година – коалиција „Можеме!“ предводена од СДСМ, Партијата за демократски просперитет на Ромите од синоќа е дел од оваа коалиција, а со тоа и поранешниот Министер без ресор и претседател на ПДПР, Аксел Ахмедовски се најде на местото бр.15 на пратеничката листа предложена од оваа коалиција, со што Делчево на претстојните избори ќе има 4 кандидати за пратеници.

Претходно д-р Соња Михаиловска се најде на шестото место од коалицијата на СДСМ, додека претставници на ВМРО ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори се полкловник Драган Ковачки кој на листата е на 11 место, додека претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Христина Смилевска се најде на 18 место како кандидат за пратеник во ИЕ 3 од Делчево.

Првиот потег од кандидатите го повлече Драган Ковачки кој денес поради пратеничката кандидатура го замрзна работниот однос со Министерството за одбрана.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*