Спасена Димитровска од село Илиово денес го прослави својот 100-ти роденден и со тоа се вброи во една од ретките жени кои дочекале живот долг еден век.
Нејзините најблиски ни раскажаа дека Баба Спасена е родена на 12 март 1920 година во село Киселица, Лисичарско Маало. Има 5 внуци и 6 правнуци кои денес во чест на нејзиниот 100-ти роденден и ја подготвија роденденската торта.
-На лекар оди ретко, водела здрав живот каков што воделе постарите наши претци на овие простори. Работатат во село и здравата храна ја одржувала, а сега претежно консумира лесна храна, велат најблиските на Баба Спасена.
Димитровска заедно со Пракса Златкова од село Дулица која има 102 години и Дедо Цане од Борилчево се едни од најстарите жители во Источниот регион кои доживеале живот еден век.
Поради Коронавирусот не се осмеливме да и го нарушиме раатот на Баба Спасена, но се надеваме дека догодина на нејзиниот 101-ви роденден, ќе успееме да дознаеме нешто повеќе за нејзината тајна на долговечноста.


Leave a Reply