Како ја преживуваат 24 часовната самоизолација нашите делчевци во Италија!

Вечерва контактиравме со наши иселеници кои ни раскажаа за ситуацијата со Корона вирусот во Италија. Еве што се се случува во моментот и како го преживуваат 24 часовниот режим на самоизолација.

-Забрането е возење и одење без потреба само на работа само на работа може кој има лист документ од фирмата….можеш да одиш да купиш цигари, леб и основни продукти за јадење и без задржување и правење муабет на растојание еден од друг на два метри и забраната како што кажа претседателот Конте трае до 3 април, велат тие.

Како што додаваат Австрија ја затворила границата на како што велат ,,Бренеро”, исто и железницата, додека Словенија има поставено ѕидови на влезот со Италија.

-Многу е лошо во Ломбардија и Милано, исто и во Пиемонте, тука веќе има мртви од вирусот, во Изола Д’Асти ветеринар на 51 година. Значи забрана за излегување од дома без потреба, само за итни работи, барови, пицерии, ресторанти ништо не работи, само продавници алиментари. Забранува се комуникација со лица, застанување и шетање без причина. Забранети се сите јавни собири. Тежок карантин 24 часа дома, за да не се шири и пренесува вирусот. Италија, посебно Северна Ломбардија, и Пиемонте е во хаос, почнува и во Венето. Школи, училишта и градинки, ништо не работи. На секои две минути на телевизијата повторуваа: Седете дома не излазете без потреба и мијте раце со сапун и вода. Има големи редици во супермаркетите, се влегува еден по еден, кога другиот излезе. Има продукти, празни се и се врши дотур. Карабинери шетаа по улиците нон-стоп со автомобилите, додава делчевското семејство кое е во самоизолација.

На крај нашите иселеници не расплакаа кога рекоа: ,,Ако останеме живи, ќе пиеме кафе летоска во Делчево”!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*