Се олеснува доставата на инсулинска терапија за пациентите од М.Каменица

Поради ситуацијата со коронавирусот, рецептите за инсулинската терапија за пациентите од М.Каменица кои доаѓаат во Делчево отсега ќе се препишуваат од страна на медицинска сестра која потоа ќе ги проследи до пациентите, кои имаат потреба од истата. Ова денес го соопшти директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска, која истакна дека обврска на пациентите е да ја контактираат медисинската сестра, на кој начин ќе се реализира доставата на терапијата.

-Ние секој вторник праќаме интернист во М.Каменица кој таму врши прегледи за нашето население и во меѓувреме ги регулира инсулинозависните пациенти да не доаѓаат во Делчево. Сега поради ситуацијата ова го одложивме за одреден период, ама се договоривме со сестрата која го дава инсулинот да пациентите и се јават по телефон, таа има податоци за тие пациенти, ќе се јави во Делчево ќе обезбеди инсулински рецепти кои ќе им бидат доставени. На тој начин, поради тоа што станува збор за загрозена категорија на граѓани,   ќе им помогнеме на дијабетичарите кои треба да бидат во самоизолација и во карантин, вели Глигоровска.

Додава, дека истото се однесува и на издавањето уверенија за возачки дозволи.

-Во Здравствен дом знаете дека се издаваат и уверенија за возачки дозволи. Од истата причина решивме да не издаваме лекарски уверенија освен за итни случаи, но барем овој вторник нема да ги издаваме истите, додека дополнително ќе ги известиме кандидатите кога повторно ќе биде овозможена оваа услуга, додаде Глигоровска.

Во меѓувреме поради зајакнување на здравствената заштита на населението Глигоровска додаде дека специјализантите се повлечени и моментално се ставени во служба на здравствениот дом од Делчево.

На граѓаните кои доаѓаат од кризните подрачја зафатени со коронавирус од делчевскиот здравствен дом и понатаму им се препорачува да се следат упатствата на лекарите и доколку забележат симптоми  да се консултираат телефонски со својот матичен лекар.

Во продолжение погледнете го интервјуто со директорката Марија Глигоровска која истакна дека генерално граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од евентуалната појава од корона вирус

Глигоровска: Граѓаните во главно ги почитуваат препораките на лекарите

Глигоровска: Граѓаните во главно ги почитуваат препораките на лекарите

Posted by delcevo365.mk on Monday, 16 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*