Шумански: Сите кои биле во Банско да се пријават кај надлежните

Откако заради коронавирусот Бугарија го стави Банско под карантин, началникот на Регионалниот центар за гранични работи Исток со седиште во Делчево, Марјанчо Шумански истакна дека граѓаните кои го посетиле ова туристичкото место во периодот околу и после 8 март треба да се пријават до надлежните.

-Еве сега жариштето се проширува, последна информација е дека Банско е од типот на Дебар во карантин, а имаме луѓе кои биле присутни на подрачјето на Банско. Ќе мораме апел да пуштиме до медиумите сите да бидат свесни и да се пријават и да се стават во самоизолација. Апелот мора секојдневно да се споделува, бидејки поединци се однесуваат неодговорно, вели Шумански.

Шумански информираше дека според евиденцијата на Регионалниот центар за гранични работи, досега вкупно 39 лица од странски држави, се вратиле во Делчево, М.Каменица, Берово и Пехчево, од кои најмногу од Италија.

-Тие се претежно од Италија вие знаете дека нашите претежно се ориентирани на привремена работа во тој регион кај што е жариштето. Моментално, по евиденција за влез во Република Македонија на подрачјето на Делчево, Берово, М.Каменица и Пехчево за самоизолација имаме 39 лица, од кои за подрачјето на М.Каменица се 16 лица. Имаме голем дел и од тие што не се евидентирани. Засега немаме поголеми проблеми, бидејки полицијата може да контролира помал број на луѓе, но доколку се дојде во бројка од 200, 300 кои ќе треба да се контролираат, тогаш ќе биде проблем. Затоа, одговорноста од тие граѓани треба да биде голема, додаде Шумански.

Проблемот со шоферите кои пристигнуваат на границата, како што додаде, ќе се решава со потпишување изјава од страна на возачите за самоизолација. За дотур на стока ќе се издаваат посебни дозволи од Центарот за јавно здравје за да може да се врши транспорт на робата.

Сите кои биле во Банско да се пријават кај надлежните, порача началникот на Регионалниот центар за гранични работи – Исток

Сите кои биле во Банско да се пријават кај надлежните, порача началникот на Регионалниот центар за гранични работи – Исток

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 18 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*