Ќе се дезинфецираат улици по селските населби во Делчево

Од денеска започнува дезинфицирањето на фреквентните улици по селските населби во Општина Делчево. Акцијата како што информираа од општината започнува од село Разловци.
-Акцијата ќе се реализира во соработка со екипите на Територијалнатапротивпожарна единица Делчево, која што веќе започна со дезинфекција во од најоддалеченото село во Општината, Разловци, каде ќе се дезинфицираат улиците во центарот на селото и оние каде има вообичаено поголема фреквенција, информираа од општината.
Акцијата како што додадоа ќе продолжи во селата Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор и Габрово, односно во сите села од збиен тип. 
-Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор,а воедно информираме дека синоќа беше спроведена трета дезинфекција на фреквентните улици во градот Делчево, а дезинфицирањето на улиците ќе продолжи и наредниот период, како една од мерките за превенција од болеста со коронавирусот, донесена со Одлука на Советот на Општина Делчево и согласно со Препораките од Владата на РСМ, додадоа од општината.

За реализација на оваа мерка, од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ информираа дека имаат нарачка од хлор во количина од 1000 литри. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*