До денес, вкупно 41 лице во самоизолација во Берово

Четириесет и едно лице на територијата на  општина Берово, поради коронавирусот се наоѓаат во самоизолација. Ова го соопшти д-р специјалист епидемиолог Сузана Каракашева, која истакна дека самоизолацијата е задолжителна превентивна мерка од корона вирусот за овие лица.


-Засега, ниту едно од лицата нема симптоми на вирусот. Повикувам сериозно и одговорно, сите лица кои во изминатиот период патувале во некоја од земијте кои се високоризични или средноризични, да се самоизолираат, истакна Каракашовска.

До останатите граѓани Каракашевска апелира да се почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација и да се избегнуваат непотребни контакти.

Од општината исто така апелираат на совесно однесување на граѓаните согласно новонастанатата ситуација.

-Немојте да дозволите, заради несовесно однесување, надлежните полициски служби да ве опоменуваат, или да мора да се применат рестриктивни мерки и казни во согласност со надлежностите на институциите, додаваат од општината.

Непочитувањето на препораките за заштита од вирусот КОВИД -19, како што додаваат е казниво согласно законот и затоа за да не дојде до вакви мерки препорачуваат граѓаните да седат дома. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*