ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот (COVID-19) на луѓето

СООПШТЕНИЕ ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот (COVID-19) на луѓето

Почитувани,

Од почетокот на глобалнaта појавa на коронавирусот (COVID-19), Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето.

Истрагите да се разбере епидемиологијата на COVID-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек. Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширењена COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти наширење на вирусот.

Нема докази за вмешаност на животните(добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и немапотреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните. Наместо тоа, ФАО гипромовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и послеконтакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.

Белешка за медиумите:

За да се избегне погрешно толкување на улогата на животните во пренесување на коронавирусот на луѓето, ФАО советува фотографии или икони од животни да не се користат во било какви комуникациски материјали или пораки поврзани со коронавирусот COVID-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*