Газдата на Club River донираше заштитни маски за потребите на Итната медицинска помош во Делчево

Газдата на делчевскиот ноќен Club RIVER, Коки Михаилов, повторно ја покажа својата хуманост на дело. Овојпат во насока на поголема заштита во борбата против вирусот COVID-19, донираше заштитни маски за потребите на Итната медицинска помош во Делчево.

Веста ја соопшти раководителката на ИМП Делчево, д-р Маја Стоименовска, која хуманиот гест на Михаилов го сподели на својот фејсбук профил.

Михаилов својата општествена одговорност досега ја има покажано во неколку наврати. Претходно, организираше хуманитарна акција за помош на наставникот Љупчо Бојановиќ, додека уште пред да биде воведена забраната за работа на кафе-баровоте и ноќните клубови, прв се откажа од работата на ноќниот клуб РИВЕР за време додека трае пандемијата.

Donacija od Koki Mihailov za sluzbata na IMP Delcevo i nasite sogragani!I ne prv pat!Covek so golemo ♥️ za nasata sluzba!

Posted by Maja Stoimenovska on Friday, 20 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*