Градскиот пазар во Делчево од утре времено затворен

Согласно донесените препораки на Влада, Одлуката на Регионалниот кризен штаб и Одлуката на директорот на ЈКП Брегалница – Делчево, за справување со ширењето на корона вирусот, се ИЗВЕСТУВААТ сите закупци на пазаришни тезги на градскиот пазар, а воедно и сите граѓани на Општина Делчево, дека е донесена времена мерка за затворање со работа на Градскиот пазар започнувајќи од 21.03.2020 година (Сабота).

Одлуката од оваа мерка ќе биде на сила се до донесување на нови мерки на Владата и до донесување на нова Одлука од Регионалниот кризен штаб за што сите корисници ќе бидат благовремено известени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*