Текстилна конфекција од М.Каменица ги изработи првите 100 заштитни маски за потребите на граѓаните

Текстилната конфекција од Македонска Каменица започна со производство на висококвалитетни повеќенаменски заштитни медицински маски. Како општествено одговорна компанија првите 100 произведени медицински маски, денес од страна на конфекцијата беа доделени за потребите на општина Македонска Каменица.

-Производството на заштитните медицински маски ќе продолжи, како и поддршката кон заедницата во овие вонредно кризни моменти. Со ова сакаме да помогнеме и преку институциите да допринесеме во спречувањето и ширењето на заразата од коронавирусот, истакнаа од текстилната конфекција ,,Текстил М”.

Во меѓувреме волонтери од Здружението на граѓани „Глас на Еднаквоста” и Општина Македонска Каменица ги продолжуваат активностите во набавка на прехранбени производи, лекарства и средства за лична хигиена на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби. Целта е овие лица да не остваруваат непосредни контакти со останатите луѓе за да не се изложуваат на опасност од инфицирање со вирусот КОВИД-19.

Тим на здружението ,,Глсс на еднаквоста”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*