Продолжува дезинфекцијата низ градските улици во Делчево

Продолжува дезинфекцијата на градските улици во Делчево. Со цел и насока за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево како што информираа надлежните денес се врши дезинфекција на транзитниот булевар ,,Македонија” , улицата ,,М.Тито” на потегот кон населба Стрелиште а исто така дезинфекција ќе биде изврешна и во Први и Втори Реон како и во населбите Маџир Маало и Расадник.

-Дезинфекцијата ја вршиме со раствор од хлор, и по однапред направен распоред на приоритетни и најфреквентните улици во градот, информираат од кабинетот на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

Додаваат дека дезинфицирањето на улиците ќе продолжи и во наредниот период како една од мерките за превенција од болеста со коронавирусот, согласно со Препораките од Владата на РСМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*