Општина Делчево набави платно за изработка на заштитни маски за потребите на граѓаните

Во делчевската фирма „Милтекс-кал“, деновиве интензивно се шијат платнени заштитни маски за лице. Тие ќе бидат донирани за потребите на делчевската полиција, здравствените работници, вработените во царинската испостава Делчево, на пожарникарите, на сите ученици од основно и средно образование кои ќе бидат поделени преку нивните класни раководители и мобилни тимови формирани од општината, на децата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери и на сите лица од социјално ранливите категории.

Се изработуваат околу 6000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба. Платното за изработка на маските го обезбеди Општина Делчево од беровската фирма „Алкалоид“, додека сопственикот на фирмата, Миле Иванов, и неговотр вработени доброволно и бесплатно ќе ги сошијат маските.

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, ја поздрави оваа иницијатива на нашиот сограѓанин Миле Иванов истакнувајќи дека хуманоста и општествента одговорност се најпотребни во време како што е оваа криза.

-Изразувам благодарност до нашиот сограѓанин Миле Иванов, кој несебично се понуди за потребите на граѓаните да ги сошие oвие маски. Сега е време за сериозни одлуки и постапки, сега е време да си помагаме едни на други и да обебзедиме заштита за нашите вработни во полицијата, здравствените работници, пожарникарите, но и за други граѓани кои секојдневно се на работните места со цел ние, граѓаните, да бидеме заштитени. Јас ги повикувам и другите фирми од Делчево да покажат иницијатива и на свој начин да ја покажат својата хуманост и општествена одговорност, рече Трајковски.

Додаде дека е во преговори и со други текстилни фабрики, за да во најкраток можен рок се изработат уште околу 8.000 парчиња со цел граѓаните да се снабдат со заштитни маски.

Маските според предвиденото ќе почнат да се дистрибуираат од денеска.

Трајковски: Се изработуваат 6000 заштитни маски за потребите на граѓаните

Трајковски: Се изработуваат 6000 заштитни маски за потребите на граѓаните

Posted by delcevo365.mk on Monday, 23 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*