Се адаптираат карантински простории во случај на зараза од КОВИД-19 во Делчево

Делчевскиот здравствен дом започна со адаптација на простории кои во случај на појава на зараза од КОВИД-19 ќе имаат карантинска намена. Ова денес го соопшти директорката на делчевскиот здравствен дом д-р Марија Глигоровска која дополни дека за таа цел ќе бидат искористени просториите на поранешниот Центар за дијализа.

-Вчера добивме налог од Министертвото за обезбедување карантински простории на ниво на Општина и на ниво на здравствен дом. Имаме простории што се моментално послободни за таа намена. Тоа се простории на местото за поранешниот Центар за дијализа. Веќе работиме на чистење на просториите, од делови и од апарати. Поголемиот дел е веќе стерилизиран, некои вработени наши што беа таму исто така ги селиме на друго место. Во таа насока спроведуваме електрика и водовод за во случај на лошо сценарио со КОВИД-19, дај боже да нема ништо, но ние мора да бидеме подготвени, вели Глигоровска.

Генерално граѓаните како што додаде Глигоровска ги почитуваат препораките иако има и такви кои ја злоупотребуваат работатата на Итната медицинска помош.

-Се уште имаме пациенти кои знаат да ја злоупотребат ситуацијата со коронавирусот. Знаете наши граѓани и пациенти се научени прво да одат во брзата помош. Брзата помош е за итни и неодложни случаи, дел од пациентите особено за полицискиот час ја злоупотребуваат на пример за обично мерење притисок и бараат белешка да можат слободно да се движат. Тие пациенти повеќето имаат комуникација со матичните лекари која знам дека е добра и затоа ги замолувам да не доаѓаат заради самите себе, заради матичните лекари но на крај и заради нивните семејства, да не доаѓаат и да не вршат злоупотреба, додава Глигоровска.

Останатиот дел од изјавата на директорката на делчевскиот здравствен дом погледнете ја во продолжение.

Глигоровска: Здравствениот дом во Делчево подготвува простории за карантин во случај на појава на зараза од КОВИД-19

Глигоровска: Здравствениот дом во Делчево подготвува простории за карантин во случај на појава на зараза од КОВИД-19

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 25 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*