Се реконструира улицата ,,23 Август” во центарот на Берово

Во Берово во тек е реконструкцијата на улицата ,,23Август” во централното градско подрачје во Берово. Активностите како што информираа надлежните се реализираат во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Берово.

-Се работи на реконструкција на улица, која се простира на потегот од плоштадот ,,Димитар Беровски” до спој со ул,,Моша Пијаде”, која што е доста користена улица од страна на возачите, но и на пешаците, а која што се наоѓаше во лоша состојба, информираа надлежните.

Со реконструкцијата на ова улица, центарот на Берово како што додаваат, ќе добие нов лик, а ќе се зголеми безбедноста и на возачите и на пешаците.

Од Буџетот на општина Берово, за 2020 година, за реконструкцијата на оваа улица, ќе биде исплатена сума од 600 илјади денари. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*