Нов крак покриен со улично осветлување во туристичка населба Абланица

Уште еден дел од туристичката населба Абланица, во рамките на активностите, за подобрување на условите за туристите, ќе добие улично осветлување.

Паралелно со инсталирањето на нови линии, за улично осветлување и докомплетирање на постојните, општина Берово врши и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и вградување нови.

Годинава, туристичката населба Абланица ќе биде осветлена во најголем дел и со тоа ќе се придонесе за поголема безбедност на возачите и пешаците.

Во периодот што следи, општината ќе продолжи со активностите за проширување на мрежата на јавно осветлување.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*