Се зголемува бројот на парковски канти и контејнери за селекција на отпад во Делчево

Делчево доби 32 парковски канти, 6 контејнери за селекција на отпад и опрема за видеонадзор на 2 локации за контрола и зачувување на убаната опрема.

Парковските канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад денеска се дистрибуирани до Општина Делчево како дел од проектот кој го реализира ЛАГ Малеш- Пијанец, а со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој. 

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека парковските канти ќе се постават на јавните површини и паркови во централното градско подрачје, а контејнерите за селекција на отпад ќе се постават во училишните дворови со цел децата од најмала возраст да се учат да го селектираат отпадот, а со тоа да дадат свој придонес во зачувување на животната средина. Тој додаде дека двата система за видеонадзор ќе бидат поставени на локации, каде изминатов период имло најголемо оштетување на урбаната опрема и кражби, а системот треба да придонесе за полесно откривање на сторителите.

ЈКП „Брегалница“ ќе ги постави парковските канти наредната недела, а контејнерите со кои се воведува почетна селекција на отпадот од стакло, хартија и пластика, се веќе дистрибуирани до двете основни училишта во градот. 

Претходниот период, за подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000 денари. Контејнерите се со волумен волумен 1,1 м3, номинална носивост 430 кг., а се поставија на локации каде каде досега биле поставени стари и оштетени контејнери или ги немало, а се очекува новите садови за отпад да придонесат за подобар квалитет на услугите за собирање на комуналниот отпад.

Средствата кои ЛАГ-от Малеш-Пијанец ги доби од ресорното Министерство се во висина од 880.000 денари, а останатите трошоци се на товар на трите општини.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*