Далечинско учење во делчевските училишта

Согласно уредбите со законска сила за примена на Законот за основното образование и Законот за средното образование за време на вонредна состојба, наставата во основните општински училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ од Делчево, како и во Средното општинско училиште „Методи Митевски- Брицо“ од Делчево се организира преку далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.

Од причина што има ученици со место на живеење каде нема достапен интернет и ученици од социјално ранливи категории на семејства, а по барање на Министерството за образование и наука, денеска од општинските училишта од Делчево ќе бидат пуштени бараните податоци за оваа категорија на ученици до Министерството, за да се изнајде начин, како и тие ученици да ја следат наставата. Ваквиот начин на организирање на наставата ќе се одвива сѐ додека трае вонредната состојба во Рерпублика Северна Македонија.

Од училиштата информираат дека комуникацијата со учениците, најчесто се врши преку социјалните мрежи, но и со пораки до родителите на учениците од помалата возраст како помагатели во извршувањето на задачите кои им се задаваат како вежби или домашни изработки. Наставниците ги следат и постапно им ги презентираат новите наставни содржини планирани според редоследот на наставните планови за месецот март.

Секако не изостанува и видеопрезентацијата кои некои натавници веќе ги имаат инсталирано преку платформи со линкови од содржините. Изработените содржини се чуваат во папки како докумени со кој ќе се потврдуваат успесите, интересот и ќе се вреднуваат постигнувањата на учениците со кои постојано се во комуникација. Во меѓувреме се работи на национална веб-платформа за образование препорачана од МОН -Едуино.

http://www.eduino.gov.mk/?

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*