Зорица Нушева добитник на наградата за најдобра актерка на Festival de Sevilla

Актерката Зорица Нушева доби уште едно големо призание за својата глума во филмот ,,Господ постои името и е Петрунија”.

Овој пат наградата пристигна од Festival de Sevilla на кој како што објави на својот фејсбук профил Нушева, таа доби статуетка за најдобра актерка од страна на организаторот на фестивалот.

-Ви благодарам од дното на својата душа, благодарам за оваа чест, навистина неверојатно, наградата навистина многу ми значи. Се надевам дека сите во ова време на криза сте безбедни. Да бидеме паметни, останете дома, бидете безбедни. Се најдобро. Благодарам и Чао, истакна Нушева во својата видео објава на фејсбук.

Честитки до нашата Зорица на која и посакуваме уште многу вакви успеси во кариерата.

❤❤❤🙏💖🏆

Posted by Zorica Nusheva on Friday, 27 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*