ЈЛБ ,,Илинден” се вклучи во хуманитарната акција ,,Хуманост на дело”

Јавната локална библиотека „Илинден“-Делчево, се вклучува во хуманитарната акција на Општина Делчево-„Хуманост на дело“ , со која се собираат средсва за да се помогне на оние на кои им е најпотребна помош во оваа вонредна состојба.

ЈЛБ „Илинден“ подарува 20 пакети со средства за хигиена на семејства кои живеат во социјален ризик.

-Во овие тешки моменти за целиот свет, кога се соочуваме со опасниот вирус, на глобално ниво, да покажеме солидарност, да бидеме хумани, да покажеме грижа за секој наш сограѓанин, да помогнеме.

Да ги следиме препораките и да останеме дома. Само така ќе го победиме вирусот и повторно ќе се дружиме и читаме во поубави денови од оние кои ги живееме сега, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Јавната локална библиотека „Илинден“-Делчево, се вклучува во хуманитарната акција на Општина Делчево-„Хуманост на дело“…

Posted by ЈЛБ „Илинден’’ Делчево on Monday, 30 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*