Десетина сточари од пехчевско Негрево бараат поддршка за продажба на јагнето

Десетина сточари од село Негрево кои се меѓу последните кои останале да се бават со сточарство се наоѓаат пред тежок предизвик. Немаат пласман за јагнињата, а освен тоа и цените кои се нудат на пазарите се многу ниски ,што според нив ги става во тешка ситуација. Единствена светла точка, како што вели сточарот Асен Мицевски е сирењето кое годинава добро се продаде, но освен проблемот со цената на јагнето и пласманот се јавува и недостиг од овчари.

-Се викам Асен Мицевски, сточар на 61 година. Најголем проблем ни е откупот на јагне. Сирењето таа година ни помина убаво, минатата година навреме се земаа јагнињата успеавме да потсириме сирење, ама оваа година тоа оди тешко. Јас лично чувам 120 овци, планирам да продадам 90 јагниња, 30 ќе оставам за домазлак, но проблем имаме и со овчари, не можеме да најдеме овчари. вели Мицевски. 

Иако субвенциите им се исплатени, најавената доплата за јагнињата како што додава Мицевски не е стигната, а на целата мака како што додава се јавува и недостигот со храна за стоката.

-Јас имав околу 6 тони, „јонџа“ и сено, жито имав 10 тони, но тоа се е потрошено. Стоката ја храниме од Митровден до Ѓурѓовден и веќе е при крај храната. Што се однесува до цените за јагниња при комуникација со сточари од штипско, таму се продава од 100 до 120 денари. Минатата година ги продадов јагнињата по 130 денари килограм ѓива мера и беше добро сите ги продадов во месец март. Исто така минатата година имав околу 40 канти сирење кои ми покрија трошокот, но сега немам ниту една канта, додава Мицевски.

 Со слични проблеми е и повратникот-сточар Ѓорѓи Лазаров кој започнал со чување на 60 овци за денес да стигне до бројката од 150 овци. Тој предлага јагнињата да бидат откупени од државата која на тој начин ќе им помогне во моменталната ситуација.

-Ситуацијата ни е многу лоша, јагнињата ни останаа, лани ни ги земаа за без пари, лани имав оставено 30 јагниња за домазлак, а оваа година ќе оставам 40-50 јагниња, но и ќе останат нема на кој да се продадат. Проблемот може да се реши доколку во ова време на криза јагнињата ги откупи државата. Загарантираната цена да биде 170 денари за килограм жива мера.Така е во Италија, таму ако газдата не го продаде родот, лозјето му го купува државата. Нека го откупат од јагнето од сточарите и нека го дадат на полиција, на здравство, вели Лазаров.

Лазаров се надева дека ќе се среди ситуацијата, во спротивно како повторното заминување во странство, останува единствена опција.

-Како што велиме ние овде секојдневно одиме во „дупка“. Резерви на пари што имаме ги даваме за храна, а немаме ништо за возврат. Вчера купив концентрат за 20 илјади денари, сам сува пара фрлив, а ништо не земам. Да не се старите и невестата ќе завршиме. Си велиме самите ајде уште таа година ако не биде, торбата на грб и в странство, додава Лазаров.

Во Негрево, како што раскажуваат сточарите некогаш се чувале и до 10 илјади овци, сега останале едвај 1500. Повеќето се децидни ако продолжи вака ситуацијата ќе ги продадат овците. Бараат во ова кризно време во брзо време да ги посетатнадлежните и да им објаснат како планираат да се реши овој проблем кој ги става пред свршен чин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*