Вклучете се во наградниот он-лајн маскенбал на www.delcevo365.mk!

Во ситуација кога секаде околу нас слушаме и читаме вести за вирусот кој го погоди светот и го наруши нашиот секојдневен живот, Вашата он-лајн читанкаdelcevo365.mk заедно со Фротирка Компани по повод Денот на шегата – 1 Април, реши да организира он-лајн Априлијада и да ги награди трите најдобри маски.

Се што треба да направите е да се маскирате, да ја споделите фотографијата или видеото со вашата маска во порака на нашата фан-страна на фејсбук или на valerispasevski@yahoo.com и да очекувате награда од Фротирка.

За најдобри ќе бидат одберени оние маски со најмногу лајкови.

Предизвикот е отворен до утре, 1 април 2020 до 12:00 часот, при што истите ќе бидат објавени јавно!

Напомена: Во рамки на активностите доколку биде прифатена иницијативата, можат да се вклучат наставниците од општинските основни училишта кои можат по одделенија он-лајн да ни достават фотографија од маскираните ученици со назнака за кое одделение станува збор.

Наградниот он-лајн маскенбал може да почне!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*