Започна со работа Итната стоматолошка служба во Делчево

По препорака на Министерството за здравство во Делчево и М.Каменица формирана Итна стоматолошка служба. На територијата на двете општини, како што информираше директорката на делечвскиот здравствен дом, д-р Марија Глигоровска, Итната стоматолошка служба ќе биде организирана со дежурства од матичните стоматолози.

-Пациентите се должни да се јават кај своите матични стоматолози, кој ќе земе стоматолошка анамнеза и анкета и доколку утврди дека пациентот има потреба од итна стоматолошка интервенција го контактира и закажува пациентот кај матичниот стоматолог, истакна Глигоровска.

Според предвиденото ќе бидат примени само итни случаи утврдени според посебна листа за итни случаи на самите стоматолози.
-Тука станува збор за силна постојана забоболка, акутна инфекција како оток, тешко отворање уста и зголемена телесна температура, поголеми краврења кои не сопираат подолг временски период, повреди во подрачје на заби, како и други повреди на горна или долна вилица и орална шуплина додава Глигоровска.

Распоредот за дежурните ординации веќе е истакнат на влезот на амбулантите во Делчево и Каменица. Во Делчево во рамки на Итната стоматолошка служба на располагање на граѓаните се вкупно 13 ординации, додека четири стоматолошки ординации ќе вршат дежурства во општина во М.Каменица .

Формирана итна стоматолошка служба во Делчево

Формирана итна стоматолошка служба во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 31 March 2020

Распоред за работа на Итна стоматолошка служба во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 31 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*