Наставниците со порака до учениците по повод “1 Април -Ден на шегата”

Кога ќе се раздени и кога моите колеги и колешки од одделенска настава и наставничката по ликовно образование, Ви испратат изработки, цртежи и маски за највеселиот ден во годината 1Април, “Ден на шегата”, и ќе ни се вратат спомените, колку радости и насмевки со шеговити случки имало на овој ден, солзи радосници извираат од сите нас.

Денес и секој нареден ден исполнети со Вашите слики, цртежи, маски и сеќавања, ни кажуваат само едно: Колку сме си потребни едни на други и колку сме среќни кога заедно ќе споделиме нешто што не прави да бидеме СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ.

Драги ученици Вие сте нашето богаство, нашата насмевка која ни недостасува. Затоа бидете истрајни и ќе се дружиме со оваа онлајн ~ настава со која ќе успееме да го пребродиме ова што ни се случува.

Не заборавајте “ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ.”

Статус на професор Маријана Стоименовска https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2859879717440375&id=100002551258360

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*