Во Делчево утре ќе се спроведе крводарителска акција. Акцијата како што информираше Билјана Георгиевска, претседателка на Општинскиот Црвен крст, ќе се спроведе согласно посебни мерки за безбедност поради вирусот КОВИД-19.
-Општинската организација на Црвен крст Делчево утре 2 април 2020 година организира редовна крводарителска акција во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево со почеток од 09:30 до 13:30 часот. Крводарителската акција ќе се спроведе со посебни мерки на безбедност и заштитени од ширење на вируст КОВИД – 19. Секоја капка значи, вашата крв може живот да спаси! Бидете хумани и дарувајте крв!, стои во објавата на фејсбук страната на Црвен крст Делчево.
Leave a Reply