НВО ,,КХАМ” се вклучува во акцијата за помош на социјално-загрозените семејства од ромска популација

Невладината организација КХАМ од Делчево се вклучува во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани од ромска популација. За таа цел како што информираше извршниот директор на КХАМ, Зекир Абдулов во наредниот период ќе бидат доделени хигиенски пакети за најзагрозената категорија граѓани.

-Во регионот каде работиме располагаме со 300 хигиенски и дезинфициони пакети кои треба да бидат поделени на ранливите семејства, кои во моментот поради пандемијата со коронавирудосот не се во можност да дојдат до средства, вели Абдулов.

Активностите според предвиденото ќе продолжат и со доделување прехранбени производи за споменатите лица.

-Во наредниот период ќе се донираат и прехранбени производи. Се надеваме дека оваа поддршка ќе биде соодветна за помош на најранливите групи преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена кај оваа категорија граѓани, додаде Абдулов.

Активностите, како што додадоа од НВО ,,КХАМ” ќе се реализираат преку програмата за Јавно здравје со поддршка на фондацијата Отворено Општество Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*