Во Делчево ќе се земаат брисеви за тестирање на корона вирус

На територијата на Делчево, досега за коронавирусот се тестирани 6 лица и сите тестови се негативни. Според информацијата од Центарот за јавно здравје – Делчево, до денес вкупно 5 лица се во самоизолација. Директорката на делчевскиот здравствен дом, д-р Марија Глигоровска информираше дека наскоро во Делчево ќе може да се земаат брисеви за тестирање на коронавирус.

-Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алгоритам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. Брисевите ќе се препраќаат во Кочани и евентуално Берово, по што резутатите ќе ни бидат соопштени, рече Глигоровска.

Додаде дека екипираноста со кадар ги задоволува потребите на делчевската здравствена установа.

Во периодот од 13 март 2020 година до денеска во Делчево биле направени 720 контроли на лица во самоизолација, додека како што информираат од делчевската полиција 5 лица се во државен карантин.

-Во овј период ПС Делчево поднела 16 кривични пријави од кои 5 се за кривично дело за непочитување на мерката за самоизолација, додека 11 лица го прекршиле полицискиот час, истакнаа од ПС Делчево.

Со цел избегнување на драконските казни за прекршување на мерките и загрозување на колективното здравје од делчевската полиција апелираа на следење на препораките и одбегнување на казнувањето како репресивна мерка.

Се подготвува просторија за земање брисеви за тестирање на коронавирус

Се подготвува просторија за земање брисеви за тестирање на коронавирус

Posted by delcevo365.mk on Friday, 3 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*