„Мачевските деца“ – овчарска фарма за пример во Малешевијата

Семејството Мачевски од пехчевското село Робово е едно од ретките кое годинава успеа навреме да го пласира јагнето по солидна цена од 145 денари за килограм жива мера. За Александар Мачевски сточар од Робово цената е добра, ако се има предвид дека на други места во Малешевијата најмногу што може да се добие е 100 денари за килограм жива мера, додека некои сточари не успеале да најдат пласман.

-Ние сме сопственици на познатата фарма „Мачевските деца“. Главно занимање ни е сточарството. Одгледуваме 240 овци и 24 крави. Оваа година поминавме добро со јагнето. На почетокот на претходниот месец ги продадовме по цена од 145 денари за килограм жива мера. Можеме да кажеме дека сме единствени во Малешевијата кои ги продадовме по оваа цена. Во разговор со наши колеги ситуацијата на други места не е таква. По 100 денари им ги откупуваат јагнињата, што е би рекле многу жално, вели Мачевски.

Во фармата „Мачевските деца“ се произведува и најкавлитетното сирење во Малешевијата. Доста е барано а годинава како што додава Александар истото завршило на домашните трпези во неколку градови во Македонија.

-Произведуваме чисто еколошко сирење, а најмногу побарувачка имаме во Кочани, М.Каменица и Дојран. Цената се движи до 350 денари за килограм сирење. За работата како сточари можеме да кажеме дека не е лесна, ама без работа „нема леб“, додава Мачевски.

Одгледуваат и пашитни крави. Оваа година добро поминале и со продажба на телињата чија цена како што вели Александар се движела до 135 денари за килограм жива мера.

Во пехчевско Робово моментално со сточарство се занимаваат 25 луѓе. Вкупниот број на овци изнесува 650 додека 850 е бројот на крави кои се главна егзистенција за дел од тамошните сточари.

Александар Мачевски минатата година ја организираше првата Сточарска вечер која може да ја погледнете на следниот линк:

Дека овците и кравите на Мачевски имаат добра паша може да се види и од видеата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*