Швајцарска донација за дел од жителите од ромска националност во Делчево

Семејства од ранливите категории од ромаска националност во Делчево денес добија швајцарска донација од хумани граѓани од Швајцарија. Помошта како што информираше делчевецот Сердан Мемедов  беше доделена на најзагрозената категорија граѓани од ромска националност.

-Денеска сме овде благодарение на нашиот пријател од Швајцарија кој реши да помогне на наши роми. Во сорабтока со стовариште Манов набавени се околу 40 вреќи брашно кои ќе ги поделиме на семејства на кои најмногу им се потребни во ова време на криза. Благодарност до нашиот пријател за овој вреден за почит гест, рече Мемедов.

Благодарност за донацијата изразија и семејствата на кои истата беше доделена.

-Благодарни сме што некој се сети на нас во овие тешки времиња. Господ здравје да му дава на донаторот и неговото семејство, истакна жител на Делчево.

Слична хуманитарна акција со која ќе бидат опфатени лицата од ромска националност деновиве најави и Невладината организација „КХАМ“ од Делчево.

Швајцарска донација за дел од жителите од ромска националност во Делчево

Швајцарска донација за дел од жителите од ромска националност во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 4 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*