Делчевските стоматолози меѓу најпогодените од корона кризата

Кризата со корона вирусот ја стави во тесно работата на делчевските стоматолози кои поради КОВИД-19 ги ставија во мирување своите активности, поради што бележат огромни загуби. Ова го потврди претседателот на Комората на стоматолози за источниот регион, Димитар Малешевски кој рече дека кризата лошо ќе се одрази имајки предвид дека поголем дел од пациентите кои ги вршеа своите стоматолошки прегледи во Делчево беа од соседството.

-Ќе се одрази сигурно заради тоа што по препорака на Министерството за здравство сите стоматолошки ординации во Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица моментално не работат, докторите се на повик и се рсботи само со закажување на итни случаи, соитна дијагноза со јаки болки или отоци. Од економска гледна точка ќе се одрази многу, затоа што во моментот не се работи ништо, вели Малешевски.

Мало олеснување за стоматолозите е тоа што деновиве се формираше Итната стоматолошка служба во Делчево која сепак ќе работи само за неодложни интервенции.

-Конкретно во Делчево имаме 14 стоматолошки ординации кои се опфатени со дежурната служба. Утврден е распоред според кој лекарите се организираат и ги прават дежурствата. Ова значи дека барем за итните случаи кои имаат потреба од стоматолог, граѓаните нема да мора да стравуваат, додаваат од Итната стоматолошка служба.

Ова сепак нема да ги ублажи економските последици, додавааат стоматолозите, бидејки работата трпи, а со тоа и останатите услуги кои ги пружаа делчевските забари како на своите сограѓани, така и на иселениците кои редовно за време на летниот период ги користеа услугите на матичните стоматолози

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*