Подобрена хидролошката состојба на водотеците во делчевско

Снегот и дождот кој го имаше во изобилство во месеците февруари и март ја подобрија хидролошката слика што придонесе во селските средини повторно да се слушне жуборот на заборавените потоци и реки. Една од притоките на Брегалница кои по подолго време се вратија во живот како што раскажуваат мештани е и реката ,,В’чин Дол” која повторно го наполни речното корито.

-Оваа заборавена река се користи за наводнување на полињата долж нејзиното течение кое од подножјето на планините Обел и Влаина се слева кон река Брегалница. За мештаните ова е од огромна корист особено ако се задржи во летните месеци затоа што ќе се искористи да се наводнат посевите со пченка, грав, компир и останати градинарски култури, велат жителите.

Освен оваа како што додаваат се вратија и останатите реки и потоци од другата страна на селото.

-Од спротивната страна слична притока на Брегалница е реката ,,Скопчан”, која се соединува со ,,В’чин Дол” и така ја зголемува својата површина. Засега и двете реки не прават проблем на локалниот пат кој минува покрај нив, а кој во минатото знаеше често да биде однесен од силната вода, додаваат мештаните.

Село Град е планинско место каде претежно жителите живеат од земјоделство. Основна гранка им е овоштарството додека десетина фамилиии се уште одгледуваат и добиток

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*