Доделена швајцарска хуманитарна помош за неколку делчевски семејства

Продолжува хуманитарната акција на швајцарски државјани по потекло од Делчево. Во рамки на акцијата, како што информираше делчевецот Захир Амитов, денес хуманитарна помош добија поголем број граѓани на Делчево.

-Како што знаете во сабота се доделуваше помош за лица од социјален ризик од ромската популација. Со денешната акција беа опфатени и граѓани на Делчево од православна вероисповед. Хуманоста не познава вера и нација и затоа нашиот сограѓанин ја доделува подеднакво на сите граѓани на Делчево на кои им е потребна помошта, рече Амитов.

И денешната помош како и претходната, како што додаде се состои од брашно кое ќе биде поделено на вкупно 30-тина семејства од Делчево.

Во текот на вчерашниот ден исто така со поддршка на семејството од Швајцарија беа обезбедени прехранбени пакети кои беа поделени на 10 најзагрозени семејства од Делчево.

Продолжува хуманитарната акција на наш сограѓанин од Швајцарија

Продолжува хуманитарната акција на наш сограѓанин од Швајцарија

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 7 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*