Во Берово реализирани обуки во рамки на проектот ,,Креирање можности за работа на сите”

Во рамки на проектот ,,Креирање можности за работа на сите” во Берово потпишани договори за ангажирање на 9 лица, во рамки на Програмата на општинско корисна работа. Лицата како што информираат од Општината, ќе бидат ангажирани во период од еден месец по 20 работни часа неделно, а ќе помагаат на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби.

-На овие лица ќе им биде пружана помош при набавката на намирници за секојдневна употреба, во секојдневен контакт, со грижа за нивната здравствена состојба. За таа цел преку претставници на општина Берово, поделени се средства за заштита, на сите ангажирани лица, информираа од Општината.

Како дел од активностите како што додадоа, присутните имаа мала обука проследена со видео презентација, за тоа како треба да се однесуваат во својот ангажман, во услови на глобална пандемија од корона вирус.

Од општината ги повикаа сите оние кои имаат потреба од набавка на лекови, прехранбени производи и средства за хигиена во периодот од 07:30 часот до 15:30 часот, да се обратат на телефонскиот број на општина Берово 033/471-057.

-После повикот, од страна на лице на кое што му е потребна помош или поддршка, мобилниот тим остварува контакт со ангажирано лице, кое доаѓа во домот на нарачателот, за да ја прими нарачката, со соодветни средства, за набавка на истата. Останатите броеви се објавени на општинската веб страница, додадоа надлежните.

Проектот се реализира како дел од насоките на Програмата за развој на ОН, УНДП, во насока на спроведување на активности од страна на општина Берово, во услови на КОВИД 19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*