Легендата за Драмче – селото поголемо од Белград!?!

Драмче е село во областа Осоговија, во околината на градот Делчево. Се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е ридско и од разбиен тип, а се простира на надморска височина од 700-840 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 35,2 км2. Од Делчево е оддалечено 15 км. За селото меѓу мештаните кружи една иронична легенда дека има површина поголема од Белград.

Според едно предание, селото Драмче било основано од некој дојденец од Драма кој имал четири сина и ги разместил на тој простор. Иако не може да се утврди веродостојноста на ова предание, сепак интересен е податокот дека како дел од женската носија од Драмче е сината саја, која е карактеристична за женската носија од Драмско.

Во почетокот на XX век, Драмче било село во Малешевската каза на Отоманската Империја.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.562,2 ха, додека на пасишта отпаѓаат 901,4 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 815,2.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Драмче живееле 430 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 288 жители, од кои 287 Македонци и 1 Влав.

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Драмче:

Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Во селото постои зграда на основното училиште кое е затворено, имало фабрички погон за конфекција, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Малешевската околија.

ИЗБОРНО МЕСТО

Во селото постои изборно место бр. 0601 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 201 гласач.

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 190 гласачи.

ОРОТО КОПАЧКА

Од селото потекнува орото Копачка, кое во 2014 година е впишано во репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. Кон крајот на 2014 година, родната куќа на долгогодишниот ороводец на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009), попознат како „Дедо Митко“, е претворена во спомен-куќа, во чија поставка се из­ло­же­ни ста­ри фо­то­гра­фии, об­ја­ве­ни тек­сто­ви во до­маш­ни и во стран­ски вес­ни­ци, пред­ме­ти и ин­стру­мен­ти кои ороводецот ги употребувал, ка­ко и на­род­ни­те но­сии во кои го предводел орото. Уредувањето на спомен-куќата било финансирано со средства обезбедени од Министерството за култура, здружението Копачка и Општина Делчево.

Копачката се игра во Драмче (2018)

КУЛТУРНИ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО ДРАМЧЕ

Археолошки локалитети

  • Берова Чешма — населба од доцноантичко време
  • Врница — некропола (тумули) од железно време
  • В’чковско Маало — некропола од доцноантичко време
  • Градиште — населба од железно време
  • Градиште I — градиште од доцноантичко време
  • Градиште II – Присој — градиште од римско време
  • Јазова Чука — тумули од железно време

Цркви

Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква

  • Црква „Св. Петка“ — црква во изградба
  • Културни установи
  • Спомен-куќа на Дедо Митко — спомен-куќа посветена на ороводецот на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*