Делчевчани вечерва со бурен аплауз им дадоа поддршка на лекарите, здравствените работници и сите останати вклучени во борбата против КОВИД-19.
Долгите карантински часови тие ги искористија како никогаш досега да им се придружат на граѓаните од градовите ширум светот кои им одаваат почит на медицинските работници кои се меѓу најизложените на влијанието на коронавирус.
Феноменот на луѓе кои ги бодрат лекарите започна во средината на јануари во градот Вухан во Кина, од каде потекнува вирусот.
Во првите видео снимки на социјалните мрежи се слушаа анонимни гласови на граѓаните во текот на ноќта, извикувајќи од високи станбени згради: „Продолжете со борбата!“
Иницијативата потоа продолжи во Италија, каде оние што се наоѓаат под карантин не само што ракоплескаа, пееја арии, скандираа и популарни песни, свиреа инструменти и мавтаа со знамиња.
Изразувањето благодарност се прошири и во други земји и градови како Париз, Лондон, но и разни други мали градови во земјите ширум светот.
За оние кои вечерва дадоа поддршка беше чест и задоволство да се изрази благодарност на ваков начин.
Во продолжение неколку видеа во кои се гледа како граѓаните им изразија поддршка на нашите херои:
Кликни на линкот за друго видео: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10216549108507988&id=1466775800
Leave a Reply