Екипите на Јавното претпријатие за комунални работи ,,Услуга” Берово, продолжија со дезинфекција на сите јавни површини, и објекти, како дел од мерките за заштита и превенција од КОВИД 19.
Во текот на вчерашниот ден, извршена е дезинфекција на повеќе јавни објекти, институции, маркети, продавници и јавни површини.
Од општината со апел да се почитуваат мерките за заштита од корнавирус:
-Да продолжиме да ги почитуваме мерките, останете дома, излезете доколку тоа е неопходно, истакнаа од Општина Берово
Општина Берово е помеѓу ретките општини, во кои се уште нема лице заболено од коронавирус.
Leave a Reply