Ученичките Сара Ковачка и Кети Џаџовска од подрачното училиште во село Разловци пру Општинското Основно Училиште „Св.Климент Охридски “Делчево учествуваа на ликовен конкурс на тема „Пролетта врз лист” 2020, организиран од страна на Општина Ќустендил – Република Бугарија и на истиот под водство на нивниот ментор Лиле Георгиевска постигнаа одлични резултати.
Сара Ковачка која е ученичка во деветто оделение во Подрачното училиште во Разловци го освои првото место, додека Кети Џаџовска ученик во осмо одделение за својата ликовна творба го освои второто место.
Ако се суди според нивните цртежи заслужени награди на ученичките на кои заедно со нивниот ментор им честитаме и им посакуваме уште многу вакви награди.


Leave a Reply