Утре на Велики Четврток пред изгрејсонце се вапсаат првите велигденски јајца

Утре е Велики Четврток, денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапцаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.

Се верува дека првите три јајца треба да се вапцуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години.
Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова.

– Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.

– Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството.

– Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката.

Ккао што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.

Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести.

Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапцувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапцува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапцува да биде несреќен и болен.

Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.

Минатат година на Велики Четврток се одржа традиционалната Изложба на велигденски јајца која годинава поради вирусот КОВИД-19 ќе изостане. Еве како изгледаше настанот минатата година.

Одржана традиционалната Велигденска изложба на јајца во Делчево

Одржана традиционалната Велигденска изложба на јајца во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 25 April 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*