Триесетина семејства од Делчево денес добија хуманитарни пакети од прехранбени продукти и хигиенски средства во рамки на акцијата ,,,Дарувај од срце. Акцијата како што истакнаа учесниците во дистрибуцијата на пакетите е да се покаже дека никој нема да биде заборавен за Велигденските празници.
-Мобилни екипи на Општина Делчево во соработка со Центарот за социјални работи од Делчево, денеска доставија 30-ина хуманитарни пакети до семејства кои живеат во социјален ризик. Хуманитарните пакети се составени од средства за хигиена и прехранбени продукти, а тие се донација од хумани поединци и фирми во Делчево, информираа од општината.

Изразија бладогарност до сите донатори кои учествуваа во акцијата.
-Голема благодарност до сите хумани кои водејќи се од мотото дека секој заслужува подобро, учествуваа во хуманитарната акција ,,Дарувај од срце”. Со оваа акција порачуваме дека во Делчево никој не е заборавен и дека хуманитарната акција ќе продолжи и наредниот период, додадоа учесниците.
Претходно во слични хуманитарни акции, хуманитарни пакети за граѓаните од аосцијален ризик обезбедија здруженија на граѓани, невладини организации и иселеници по потекло од општина Делчево.

Leave a Reply