Црквите во делчевско со помал број верници ги почитуваа препораките на надлежните

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево денес се одржа црковна богослужба по повод Велики Четврток. Верниците кои присуствуваа на богослужбата ги почитуваа препораките на надлежните и во намален број го одбележаа денешниот празник.
Како што истакна Виолета Стојковска, верник кој присуствуваше на денешната богослужба, на денешниот ден домаќинките веќе ги вапсаа првите вeлигденски јајца кои според верувањето не се расипуваат со години.

-Според старите обичаи во зори на Велики четврток се вапсува барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова. Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце, второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството, додека третото вапцано јајце за бериќет и за стоката, рече Стојковска.

За утре според најавеното во делчевските цркви ќе биде зајакнато присуството на полициските службеници кои ќе контролираат дали се почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19.

Граѓаните на Делчево денес последните 24 часа пред 85 часовниот полициски час ги искористија за да ги набават потребните намирници за претстојните велигденски празници.

Од денешната Велигденска служба за Велики Четврток во Делчево

Од денешната Велигденска служба за Велики Четврток во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 16 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*