Трајковски: Да го дочекаме Христовото воскресение со запалени свеќи во кругот на најблиските

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, кога ја славиме победата на животот над смртта, на доброто над лошото, на светлината над темнината, Ви испраќам порака да ја дочекаме веста за Христовото воскресение со запалени свеќи, молитви за здравје, мир и благосостојба, но во домашни услови со нашите најблиски.

Во ова време, кога целиот свет живее во ново искушение и се бори со невидлив непријател, да ги прегрнеме со нашите мисли сите наши роднини, пријатели, соседи, познати и непознати, да посакаме истрајност, а симболиката на овој празник да ја даде силата на секој поединец и, како и многу пати досега во тешките времиња за човештвото, да излеземе победници и од оваа здравствена криза.

Ве замолувам, останете дома за овој Велигден и почитувајте ги мерките, превенирајте ја заразата и не заборавајте дека Велигден е симболот на нашето опстојување. Оваа традиција нѐ поттикнува, нѐ препознава, ни дава смисла и ни ја гради иднината. Велигден носи радост, спокој, убавина. Нека е за многу години!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*