Работното време на општинската администрација од понеделник се враќа по старо

Општина Делчево ги известува граѓаните дека од понеделник, 27.04.2020, работното време на општинската администрација ќе започнува од 7,30 ч., а ќе трае до 15,30 ч.

Исто така, Општина Делчево потсетува дека граѓаните своите барања можат да ги доставуваат електронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги, а доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени служби, да ги почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста ковид-19, односно граѓаните задолжително да носат маски за заштита на лицето и да држат растојание на обележените места.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*