Со почитување на препораките во Делчево се одбележува Источен петок Балаклија

Со почитување на препораките групирани по двајца на манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ денес се одбележува христијанскиот празник Источен петок Балаклија.
По повод празникот од делчевското свештенство одржаа божествена литургија и воедно информираа дека поради околностите наметнати како дел од заштитата од коронавирусот, ќе изостане заедничкиот ручек кој секоја година се служи на овој ден.

-Верниците ги почитуваа препораките на надлежните за заштита од ковид-19. Денес дојдоа да запалат свеќа и да наполнат вода од изворот под црквата „Св.Богородица Балаклија“ за која се верува дека е лековита. Ова е првиот празник по Велигден, посветен на пресвета Богородица, кој се празнува уште од V (петти) век. Овде на манастирскиот комплекс „Балаклија“ од дамнина се слави овој празник, истакнаа делчевските свештеници.

Домарот на манастирот Љупчо Ристов вели дека денот мирно поминува без поголеми гужви.

-Добро е, денес е празник и како што доликува има народ, но како што налагаат прописите, така што и оваа година празникот ќе се прослави на каков таков начин, вели Ристов.

Источен петок – Балаклија според христијанските верувања е празник кој спаѓа во Светлата недела, поради што е и наречен Светол Петок, а некаде може да се сретне под името Благ Петок.

Манастирски комплекс ,,Св.Богородица Балаклија"

Posted by delcevo365.mk on Friday, 24 April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*