Црковно-народен собир во делчевското село Тработивиште по повод празникот Балаклија

На месноста Светите Води во атарот на делчевското село Тработивиште денес се одржа традиционалниот црковно-народен собир по повод православниот христијански празник Св.Богородица – Балаклија.

Беше отслужена света божествена литургија, по што присутните ги посетија трите извори со света вода. Изворите, сега каптирани во чешми,  се посветени на Св. Богородица, Св. Петка и Св. Недела. Се верува дека водата од овие извори има чудотворно исцелителна моќ.

Легендата и народните преданија велат дека на ова место, во горниот тек на реката Брегалница се подвижувал Св. Методиј Солунски, кој го ширел христијанството, покрстувајќи го населението од овој дел на Македонија.

За лековитоста на Светите води во видеото во продолжение:

Свети води во село Тработивиште

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 14 July 2019

Благодарение на видеата на нашиот сограѓанин Лоренцо Трајановски еве како изгледаше денешното одбележување на празникот Источен Петок Балаклија кај месноста Свети Води во село Тработивиште.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*