Планинарите на ПСК „Голак“ ги посетија Тработивишки Кукуље

Шестчлена екипа на Планинарски спортски клуб „Голак“ од Делчево реализираше планинарски марш долг 11 километри до месноста Тработивишки Кукуље. Планинарскиот марш, како што информира претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, се реализирал согласно препораките од Министерството за здравство.

-Групата беше ограничена на 6 луѓе, кои при изведувањето на маршот се движеа на потребната дистанца од најмалку 1,5 метар. Маршот се реализираше по убаво сончево и мирно време, при што сите планинари успешно ја поминаа патеката, рече Чучуковски.

Како што додаде Тработивишки Кукуље се месност која често се заменува со Истевнички Кукуље и затоа им препорача на оние кои немале можност да ги посетат Кукуљето во село Тработивиште со цел да се уверат во нивната уникатност.

-Месноста Тработивишките Кукуље се наоѓаат на 800 метри надморска висина на планината Голак и е малку позната месност. За да не дојде до забуна, постојат и Истевнички Кукуље која исто така е погодна за почетници и аматери, додаде Чучуковски.

Вакви активности, како што додадоа од ПСК „Голак“ ќе ги има почесто во наредниот период. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*